Nordeus ве повикува на шестиот хакатлон по ред

Nordeus започна со пријавување за шестиот хакатлон по ред. Оваа година натпреварот ќе се одржи на 10. и 11 декември. Како и претходно натпреварот е отворен за сите заинтресирани развивачи во регионот.

Слично како и на останатите хакатлони, и овој е тематски. Темата ја бира тимот на Nordeus, а учесниците ја дознаваат темата на самиот натпревар. Досега поминаа неколку теми:

  • Тower Defense,
  • Shoot’em up,
  • Colony Simulation,
  • Stealth and Deception и
  • Squad-Based Puzzle Platformer.

Оваа година за првпат натпреварот се сели од канцелариите на Nordeus и ќе се одржи во Startit центарот во Белград. За жал, оваа година за прв пат нема да се обезбедуваат компјутери за учесниците, па за дел од заинтересираните ова ќе биде поголем проблем. Дополнително на шесттото издание ќе биде доделена и наградата за најдобра игра според публиката.

Во 2013 два тима од Македонија, Dark One и Control беа дел од победниците. За жал, во последниве години и самиот број на учесници од Македонија е намален. За среќа пак организаторите на Global Game Jam можат да се пофалат со рекордно учество.

Пријавувањето е отворено до 28 ноември. Секој од тимовите може да има до 4 члена, а стандардно може да се пријават и поединци, па потоа ќе бидат групирани во тимови.

1 коментар на “Nordeus ве повикува на шестиот хакатлон по ред

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии