Номинациите за Steam Awards

Image Courtesy of Steam

За време на неодамнешната есенска распродажба, Steam им дозволи на корисниците да гласаат за нивните омилени игри во најразлични категории, со можност да осмислат и нови категории. Според најновите податоци, над 15 милиони номинации биле приложени. Од официјалната листа со категории и предлози, гласањето за најдоброто од најдоброто ќе започне од 22 декември, за кога и воедно се очекува да започне една од најголемите распродажби на игри на Steam.

Секој ден, посетителите ќе можат да доделат по една награда за нивната омилена игра, но само за тој ден, затоа што веќе наредниот ден ќе стои на располагање нова награда. Ваквата пракса ќе трае до 30 декември. Сите победници ќе бидат објавени на новогодишната ноќ. Распродажбата на Steam меѓутоа, се очекува да трае до 2 јануари.

Номинациите за Steam награди сe во следниве категории:

„Злогласниот лик на кој најмногу му е потребна прегратка“

  • Borderlands 2
  • Dead by Daylight
  • Far Cry 3
  • Far Cry 4
  • Portal 2

„Мислев дека играва е кул уште и пред да добие награда“

  • Euro Truck Simulator 2
  • Paladins
  • Starbound
  • Stardew Valley
  • Unturned

„Тест на времето“

  • Age of Empires 2 HD
  • The Elder Scrolls 5: Skyrim
  • Sid Meier’s Civilization 5
  • Team Fortress 2
  • Terraria

„Уште само пет минути“

  • Counter-Strike: Global Offensive
  • Rocket League
  • Sid Meier’s Civilization 6
  • Fallout 4
  • Terraria

„Брееееееееееј, човече! :)“

  • Bioshock Infinite
  • Doom
  • Grand Theft Auto 5
  • Metal Gear Solid 5: The Phantom Pain
  • The Witcher 3: Wild Hunt

„Игра во игра“

  • Garry’s Mod
  • Grand Theft Auto 5
  • The Stanley Parable
  • Tabletop Simulator
  • The Witcher 3: Wild Hunt

„Не плачам, само имам нешто во око“

  • Life Is Strange
  • To the Moon
  • This War of Mine
  • Undertale
  • The Walking Dead

„Најдобра употреба за фармерско животно“

  • ARK: Survival Evolved
  • Blood and Bacon
  • Farming Simulator 17
  • Goat Simulator
  • Stardew Valley

„Бум бум“

  • BroForce
  • Doom
  • Just Cause 3
  • Keep Talking and Nobody Explodes
  • Kerbal Space Program

„Однос љубов/омраза“

  • Dark Souls 3
  • Darkest Dungeon
  • Dota 2
  • Geometry Dash
  • Super Meat Boy

„Седни и опушти се“

  • Abzu
  • Cities Skylines
  • Euro Truck Simulator 2
  • Mini Metro
  • Viridi

„Подобро со пријатели“

  • Don’t Starve Together
  • Gang Beasts
  • Golf With Your Friends
  • Left 4 Dead 2
  • Magicka

1 коментар на “Номинациите за Steam Awards

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии