Nokia призна дека Windows Phone уредите не се продаваат добро

Директорот на Nokia, Стивен Елоп, призна дека Windows 7 телефоните не се продаваат. Според г. Елоп, клучната грешка ја прават провачите на Nokia телефоните. кои наместо да ги фокусираат рекламите околу софтверот на Microsoft, како што се прави тоа со Android и iOS, тие упорно се обидува да ги рекламираат уредите. Не помага ни тоа што продавачите се незапознаеност со телефоните и не им ги нудат на потрошувачите, вели незадоволниот директор на Nokia.

Новата стратегија со која Nokia ќе се обиде да им се спротистави на Apple и Android се однесува на цените. Со новите намалени цени на Lumia 610 ќе се обидат да се пробијат на кинескиот пазар, со оглед на тоа дека на западните пазари телефоните се статусен симбол, па ефтините телефони може да поминат полошо од прескапите.

Лошата продажба и лошата положба на Nokia се преслика и на берзата. По падот на акциите за 10 отсто и отпуштањето на 10.000 вработени, Nokia ги очекува долго лето. Првата предвидена мерка е партнерство со мобилните оператори со кои ќе работи заедно за да ги истренираат продавачите и подобро да ја пренесат пораката до потрошувачите дека WP7 уредите се вистинските за нив.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии