Nokia претстави два нови Windows Phone телефони

Денес започна Mobile World Congress, што значи дека следниве два дена ќе видиме куп нови и интересни уреди. Меѓу првите е Nokia која утринава на својата прес-конференција претстави два нови Windows Phone паметни телефони, Lumia 720 и Lumia 520, кои би требало да бидат достапни на пазарот во првото и второто тромесечие од годината.

Nokia Lumia 720 доаѓа со 4,3 инчен ClearBlack екран со резолуција 800х480 (WVGA). Работи на двојадрен процесор, 512MB RAM, NFC, батерија од 2000 mAh, 8G меморијa со можност за microSD картичка до 64GB. Lumia 720 има камера на задната страна со 6.7 мегапиксели со отворена бленда од f/1.9 и Carl Zeiss оптика, а покрај тоа постои и безжично полнење. Tелефонот не доаѓа со поддршка за LTE. Nokia Lumia 520 има послаби спецификации од 720 и содржи двојадрен процесор од 1GHz, 512MB RAM, WVGA IPS LCD екран од 4 инчи. Камерата е со 5 мегапиксели и овозможува снимање во 720p резолуција.

Уредите најпрво ќе започнат со продажба во Кина, а подоцна и во некои од европските држави. Цената по која ќе се продава Lumia 720 е 249 евра, а Lumia 520 за околу 139 евра.

1 коментар на “Nokia претстави два нови Windows Phone телефони

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии