Nokia претстави апликации за јавен транспорт, навигација и проширена реалност

Nokia на својата конференција во Лондон, Nokia World, покрај новите Windows Phone 7 паметни телефони Lumia, претстави и нови мобилни апликации кој имаат за цел да го олеснат животот на корисниците. Станува збор за апликациите Public Transport, Nokia Pulse, и Live View, кои ќе бидат наменети за сите нивни паметни телефони, не само за тие што работат на Windows Phone 7. Апликациите можат да се најдат во бета лабораторијата на Nokia.

Апликацијата Public Transport го следи јавниот превоз во повеќе од 430 градови низ целиот свет, и овозможува навремени информации за рутите на автобусите и возовите во 45 градови. Апликацијата Nokia Pulse им овозможува на корисниците да испраќаат локациски означени фотографии статуси на своите најблиски. Овие фотографии и статуси ќе можат да се видат и директно од веб.

Апликацијата Live View е апликација за проширена реалност која покажува имиња и информации за улици и места кога камерата од паметните телефони ќе се впери во нив. Исто така апликацијата дава и информации за места од интерес.

(via Mashable)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии