Nokia планира Windows 8 таблет компјутер до јуни 2012-та

Nokia наредната година би можела да се приклучи на пазарот на таблет компјутери со свој Windows 8 производ. Главниот човек на Nokia за Франција, Пол Амселем, во интервју за францускиот весник Les Echos изјави дека во јуни 2012, Nokia ќе се претстави со таблет компјутер кој ќе го користи новиот оперативниот систем на Microsoft, Windows 8.

Финската компанија неодамна ги претстави новите паметни телефони кои го користат оперативниот систем Windows Phone 7, Lumia 800 и 710, а треба наскоро да се најдат на пазарот. Во интервјуто, Пол Амселем исто така изјави дека наскоро ќе бидат претставени уште неколку Lumia модели.

За жал, во интервјуто не се откриени повеќе детали во врска со најавениот таблет компјутер, но сигурно и нема што повеќе да се каже моментално, бидејќи Microsoft сè уште нема ни закажано датум за пуштање на Windows 8. Сепак, креирањето на таблет компјутер е логички чекор за Nokia доколку сака да остане конкурентен играч на пазарот за мобилни уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии