Nokia отвора центар за развој на мобилни апликации во Македонија

Nokia ќе креира апликации за македонскиот пазар, најави МИОА откако денес ИТ министерот Иво Ивановски се сретна со преставници од финската компанија. Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) вели дека е договорено Nokia да отвори регионален центар за развој на мобилни апликации во Македонија, која, според МИО, ќе биде единствен ваков центар во поширокиот регион.

Nokia ќе соработува со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во креирање на апликации наменети за македонскиот пазар и пазарот во регионот.

Ова значи дека ќе се креираат апликации за Windows Phone и најверојатно за Symbian. Центарот претставува обид да се истурка WP мобилната платфрома на Microsoft, која од пред една година, кога гигантите остварија соработка, е примарна платформа за новите паметни телефони на Nokia. Oд пред некој месец во Македонија пристигна и Lumia 800, првиот Windows Phone 7 телефон на Nokia. Mожеби ќе видиме и креирање на апликации за Symbian бидејќи оваа платформа иако во умирање, сепак работи на голем број телефони продадени во Македонија и регионот.

Отварањето на центарот е закажано за јуни 2012 година. МИО вели дека кога ќе се врати министерот ќе има повеќе информации.

5 коментари на “Nokia отвора центар за развој на мобилни апликации во Македонија

  1. mozam sam da vi potvrdam deka informacijata e tocna! NOKIA ke otvara svoj "centar" , iako toj centar poise lici na classroom, no veruvajte deka ke bide nesto posebno i mnogu interesno!

  2. Ако Nokia отвори оваков центар….

    I’d be very surprized.

    Да не пропадне само Nokia во меѓувремето, оти јуни 2012 е далеку, мн. далеку.

    Со нетрпение чекам да видам како тоа ќе изгледа.

    Забелешка за авторот на статујата – Нема ама баш никакви податоци за тоа каде би се наоѓал центаров, кој каде како што…

    Многу ми мириса на суптилна (дури и сублиминална) владина реклама на еден вака читан портал.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии