Nokia направи леден „екран“ на допир

Целта на проектот е да се демонстрира „сеприсутно пресметување“, принципот за инкорпорирање на компјутерите во секојдневните објекти. Oд тамо и името Ubice (ubiquitous ice).

Користејќи ги скоро инфрацрвени светла и камера, дигиталните проекти се наместени зад блоковите лед. Кога корисникот ја става раката пред ледов скоро инфрацрвенo светло се рефлектира назад кон камерата која го пренесува сигналот кон компјутерот. Користејќи ја таа информација компјутерот ја одредува позицијата, големината и движењето на раката, по што дигиталниот проектор прикажува слика налик на оган што изгледа како да е под раката на корисникот.

„Ова е забавен експеримент, но еден кој мислам дека покажува дека интерактивни компјутерски интерфеjси може да ги изградиме било каде.“, вели Јури Хупаниеми од лабораторијата за истражување на Nokia.

1 коментар на “Nokia направи леден „екран“ на допир

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии