Nokia најави WP 8.1 уреди со 3D Touch интерфејс

Дејан Соколоски

во Мобилни

Nokia наскоро ќе ја претстави Lumia 1520 серијата со два нови 6-инчни Windows Phone 8.1-телефони кој засега се познати под имињата Moneypenny и Goldfinger, јавува The Verge. Телефоните ќе доаѓаат со технологија на која Nokia работи веќе повеќе години 3D Touch. Технолoгија која со помош на сензор детектира гестикулации и движења кои нe го допираат стаклото. Корисниците на телефонот покрај стандардната интеракција ќе можат да даваат команди и со гестикулации над страните или околу телефонот. Слични гестикулации има и Samsung Galaxy S4.

Засега останува да почекаме најпрвин Microsoft да ја објави Windows 8.1 надградбата за своите паметни телефони. Според извори во компанијата Windows Phone 8.1 оперативниот систем ќе биде презентиран на Mobile World Congress 2014.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии