Microsoft нема да не купи, инсистира директорот на Nokia

Виктор Дано

во Свет

Од пред година дена, Мicrosoft и плаќа на Nokia oколу 250 милиони долари секој квартал за да го користи Windows Phone 7 како основна мобилна платформа.

Со Nokia, Microsoft има производител на паметни телефони кого ќе може да го искористи за да креира подобра мобилна платформа. Ова го прават и конкурентите. Apple сам си ги прави своите уреди и тоа функционира одлично, Google ја купи Motorola Mobility, дел заради патентите, дел заради тоа што сега си има свој производител.

Затоа и не е чудно што се поголеми се шпекулациите дека Nokia станува само продолжена рака на Microsoft. Финската компанија немаше сјајна иднина, нивниот Symbian не е баш најконкурентната платформа. Но, со Microsoft тие стануваат ексклузивни произведувачи на најновите телефони со Windows Phone 7 платформа која би требало да стане третиот најголем играч на мобилниот пазар по iOS и Android.

Но тоа се само шпекулации, вели директорот на Nokia, Стефан Елоп, кој за Bits изјави дека имаат само добра соработка со Microsoft.

„Моето очекување е дека тоа ќе остане како соработка. Никогаш немаше дискусија за нешто друго.“, вели г. Елоп додавајќи дека „постојат неколку аспекти од тоа што го прави Nokia што се од голем интерес за Microsoft и обратно. Постојат многу елементи од Nokia кои не се врзани со пазарот на паметни телефони. Скоро половина од нашиот бизнис е во продукти и пазари и полиња кои не се од интерес за Microsoft и тоа што е врзано со нивната стратегија.“

Што се однесува до пазарот на паметни телефони, г. Елоп вели дека битката против Google и iOS само што започна. Во таа битка Nokia и Microsoft ќе работата заедно да го освојат пазарот.

1 коментар на “Microsoft нема да не купи, инсистира директорот на Nokia

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии