Nokia Lumia 620 e „најевтиниот“ Windows Phone 8 телефон

Nokia на LeWeb 2012 престави нов Windows Phone 8 паметен телефон. Но, наместо да биде high-end уред со најдобриот хардвер и огромна цена, Lumia 620 ќе биде „најефтиниот“ WP8 телефон наменет за пошироката публика.

Lumia 620 ќе чини 190 евра (скоро 12.000 денари), а за таа цена освен што имате нова мобилна платформа, добивате уред кој има 3,8-инчен екран со 800×400 пиксели, 1 GHz процесор со две јадра, 5 мегапиксели камера, 512 MB RAM и 8 GB простор, со можност за microSD картичка до 64 GB. Има поддршка за Wi-Fi, 3G, Bluetooth 3 и Near Field communication за плаќање преку мобилен.

Перформансите не се нешто посебни, но целта на Lumia 620 е да биде достапен телефон кој ќе ја промовира Windows Phone 8 платформата за да биде препознатлива меѓу корисниците. Уредот ќе се појави првин во Азија во јануари 2013-та, а потоа ќе биде достапен и во Европа.

[youtube]rjG5l6vk8bs[/youtube]

4 коментари на “Nokia Lumia 620 e „најевтиниот“ Windows Phone 8 телефон

  1. Конечно телефон што можам да си го дозволам, се надевам нашиве оператори ќе дадат разумна цена и дека ќе дојде за брзо време

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии