Nokia ќе користи Windows Phone ОС на своите телефони

Nokia држи голем дел од мобилниот пазар, има најмногу продадени телефони, но исто така има и неуспешни мобилни оперативни системи за паметни телефони што е проблем бидејќи денес се цени по оперативниот систем и корисни апликации.

Дури и директорот на Nokia и поранешен бизнис директор на Microsoft Оffice, Стивен Елоп, прати писмо до своите вработени велејќи дека „стоиме на запалена платформа“ коментирајќи за големата конкуренција која се повеќе ја задушува Nokia. Пример, Symbian има околу 20.000 апликации, додека Android има над 100.000 и расне брзо, а iOS на Apple околу 300.000 апликации.

Тука, во приказната за паметниот пазар, влегува Microsoft кој неодамна ја објави својата Windows Phone 7 мобилната платформа, редизајнирана од корен и комплетно различна од претходниот Windows Mobile. Иако Windows Phone 7 е нова платформа со мал број апликации, помалку од 10.000, сепак има потенцијал бидејќи е дизајнирана за паметните телефони. Да не заборавиме дека Microsoft и Nokia се големи и влијателни компании, или со други зборови сериозна конкуренција, сигурно ќе видиме нови интересни нешта на пазарот.

Со соработката, Windows Phone платформата ќе биде главниот ОС за Nokia телефоните, што значи Symbian и новиот MeeGo, кој сега ќе биде со отворен код, ќе бидат ставени на страна. Еве ги другите детали од соработката:

  • Nokia ќе придонесе со хардверската експертиза и јазична поддршка да го донесе WIndows Phone до поголем број корисници.
  • Nokia и Microsoft ќе соработуваат во развој, ќе имаат заеднички маркетинг иницијативи и ќе споделат развојни планови за идни мобилни продукти
  • Bing ќе биде главниот пребарувач на Nokia уредите и услугите. Microsoft adCenter ќе овозможи рекламни услуги за Nokia уредите
  • Nokia Maps Ќе биде основен дел на Microsoft услугите за мапирање, ќе бидат интегрирани во Bing и adCenter за да се овозможи локално пребарување и рекламна експертиза
  • Nokia наплаќањето ќе овозможи да се купуваат Nokia Windows Phone услугите во земји каде користењето на кредитни картички е слабо
  • Ќе се користат Microsoft алатки за развој за креирање апликации за Nokia Windows Phone телефони
  • Microsoft ќе продолжи да инвестира во развој на Windows Phone и облак сервиси
  • Nokia продавницата за содржини и апликации ќе биде интегрирана во Microsoft Marketplace

5 коментари на “Nokia ќе користи Windows Phone ОС на своите телефони

  1. I found your site from wikipedia and read a few of your other blog posts.They are cool. Pls continue this great work. Later on other fantastic American rock acts such as Lynrd Skynrd, The Eagles, America, the Allman Brothers, and the Doobie Brothers would come on the scene and shake up the world with their string of hit songs.

  2. Не ми е јасно што прави Nokia.. Знам Yahoo им пропаѓа бизнисот, немаат успешни идеи, ама овие своите идеи си ги одрекуваат и поништуваат. И сеа што? Плус, за Македонија баш фино: Nokia не е признава под уставно име (секаде каде што можам да избирам јазици/држави или ја нема Македонија, или е како FYROM), а за Мајкрософт пак, знаеме сите дека не ја тргна (инаетливо) наставката…
    Јас секако нареден телефон што ќе го купувам ќе биде Android, од симбијанот сум разочаран дефинитивно. Windows Mobile не ме изненадија многу, а Ејпл… лајкче, ама многу се кренати.

  3. Па Нокиа веќе го поремети сопственото чедо MeGo, го откачија сопствениот Симбиан и пред само два месеци го договорија со Интел, отворен код и се` тоа… и сега налево круг и нака Мајкрософт… разочарувачки.
    Освен ако не излезат со некој телефон што може нешто што ниеден друг не може, не ме интересира Нокиа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии