Nokia ќе го купи Plazes.com… и Symbian

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Nokia, eден од најголемите произведувачи на мобилни телефони и техничка опрема соопшти денеска дека ќе го купи сајтот Plazes.com. Ова е дел од стратегија на Nokia за проширување на своите услуги кон интернет мрежата и подобрување на софтверот во мобилните телефони.

Директорот на одделот за интернет услуги на Nokia, Niklas Savander, изјави дека сајтот одлично се вклопува во мисијата на компанијата за зближување и поврзување на луѓе и места, додека на својот блог момците од Plazes истакнаа дека се навистина возбудени за соработката со Nokia и воедно најавија значајно подобрување на понудата на сајтот.

Plazes.com е релативно нов сајт создаден во Берлин, кој сеуште е во бета фаза и на корисниците им овозможува да создаваат и да промовираат активности помеѓу своите пријатели. Сајтот автоматски ја означува локацијата на настанот и овозможува известување преку мобилни телефони, поточно СМС пораки.

Nokia со ова ќе се обиде да ги збогати софтверските понуди во идните модели на своите мобилни телефони бидејќи планира да го имплементира Plazes.com како постојана интернет услуга.

Исто така неодамна Nokia понуди осум милијарди долари за купување на компанијата Navteq која произведува дигитални мапи на САД, со што најави дека планира да инвестира милиони за проширување и збогатување на своите интернет решенија.

Надополнување: Nokia го купува и Symbian (24.06.2008)

Денеска Nokia достави официјална кеш понуда до Symbian Limited да ги купи сите останати акции кои компанијата не ги поседува за цена од 3.647 евра по акција. Доколку понудата биде прифатена, компанијата ќе ги откупи додатните 52% од акциите на Symbian за вкупна сума од околу 264 милиони евра.

Аквазицијата е фундаментален чекор во основањето на Symbian фондацијата, составена од Nokia, AT&T, LG Electronics, Motorola, NTT DOCOMO, Samsung, Sony Ericsson, STMicroelectronics, Texas Instruments и Vodafone. Повеќе детали за SF можат да бидат пронајдени на следниов линк.

Symbian Limited е компанија за софтвер која го произведедува и лиценцира Symbian оперативниот систем кој е лидер на пазарот на оперативни системи за мобилни телефони. Компанијата е основана во 1998 година во Лондон, а денеска има регионални канцеларии ширум целиост свет. Овој мобилен ОС е присутен во над 200 милиони телефони од 8 произведувачи. Интересен е и фактот дека повеќе од 4 милиони програмери учествуваат во развојот на апликации за Symbian.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии