Nokia ќе го реиздаде Нокиа 3310

Дејан Соколоски

во Мобилни

Пред доминацијата на Samsung и iPhone на пазарот на мобилини телефони владееше Nokia. Најверојатно сите кои се доволно возрасни се сеќааваат на Nokia 3310, неуништливиот телефон, кој е и рекордер со 126 милиони продадени уреди.

Компанијата HMD Oy Global, компанијата која ги поседува правата на Nokia телефоните, најавува враќање на овој телефон. Уредот ќе се врати во продажба на европскиот и северно-американскиот пазар на крајот на февруари, јави Guardian.

Засега нема податоци за тоa колку блиску ќе биде новиот телефон до оригналот. Можеби новиот уред ќе биде и копија на Nokia 3310. Ова ќе го видиме наскоро; телефонот ќе биде презентиран на Mobile World Congress во Барселона на 26 февруари. Најавената цена на телефонот е 59 евра, а повеќе податоци ќе знаеме кон крајот на месецот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии