Nokia ја стартува City Lens апликацијата со проширена реалност за своите Lumia уреди

Финскиот гигант најави дека апликацијата со проширена реалност City Lens сега ќе биде достапна на Lumia уредите кои работат на Windows Phone. Taa веќе е достапна за Symbian уредите.

Апликацијата ја користи камерата на уредот за да постави дополнителен слој на информации врз прикажаната реланост т.е. ја „проширува“ реалноста која ја гледате околу вас. Тие информации се всушност локации на ресторани, музеи, театри, трговски центри, и други нешто во градот. Ова е неверојатно корисна алатка доколку патувате често во нови и непознати места. Но, City Lens функционира и во град што го познавате бидејќи има опции за споделување на локациите преку SMS, имејл или на друштвените мрежи.

Aпликацијата сè уште е во бета и има доста грешки, но сигурно наскоро ќе биде средена и достапна за комплетно користење.

[youtube]63lNPkl-EPE[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии