Nokia се враќа како производител на фитнес и медицински IoT уреди

Nokia се враќа на светската сцена, но овој пат не како производител на телефони, туку како производел на паметни уреди за подобро здравје. Компанијата е нов сопственик на францускиот Withings кој произведува различни здравствени уреди, паметни часовници, фитнес ленти и други фитнес и медицински помагала. Nokia исплати 192 милиони долари за францускиот стартап и речиси без сомневање ќе се врати на пазарот на хардвер.

„Постојано велиме дека дигиталните уреди за здравје за Nokia се област од стратешки интерес. Сега имаме можност да се вклучиме на овој голем и важен пазар“, вели Рејев Сури, директор на Nokia. „Со оваа аквизиција, Nokia ја засилува својата позиција на пазарот на Интернет на нештата, на начин кој ќе ја искористи довербата во брендот и ќе овозможи поголемо присуство на пазарот“.

Интересно, за разлика од новиот сопственик на Nokia телефоните, Microsoft, кој се оддалечува од хардверот и се фокусира на апликации и услуги, Nokia се оддалечува од софтверот и се враќа на хардверот. Компанијата пред неколку месеци го продаде својот можеби најдобар продукт Here Maps и целиот оддел кој работи зад мапите.

Интересот на Nokia за уреди од Интернет на нештата (IoT) ќе и овозможи да влезе како пионер на пазар кој засега е во развој. Дополнително е што Nokia ужива доверба кај корисниците кои ги паметат нивните издржливи и добро изработени телефони, па брендот ќе може да го заживее пазарот кој не е без проблеми. Засега најконтрoверзните IоТ проблеми се предизвикани од оперативните системи и нивна надградба, која некојпат предизвикува крај на работата на уредите кога ќе престане поддршката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии