Nokia го стави Symbian под не-слободна лиценца

Но, наместо да го остави мобилниот оперативен систем како слободен софтвер, под слободни лиценци, достапен за понатамошно развивање и користење од програмерите, Nokia се одлучи да го затвори Symbian ставајќи го под рестриктивни лиценци. Интересно, Nokia во 2008 година го купи Symbian и го отвори кодот, правејќи го слободна платформа.

Изворниот код се уште ќе биде достапен за симнување, но ќе мора да биде одобрен од Nokia и е под лиценца која го ограничува користењето.

„Преку овие страни го доставуваме изворниот код до овие соработници [јапонски соработници на Nokia], но нема да го оддржуваме Symbian како слободен софтвер проект. Надоврзувајќи се на ова, Nokia Symbian Licence е алтернативна лиценца која дозволува пристап до дополнителен развој на Symbian со странки кои соработуваат со Nokia на Symbian платформата.“, се вели во официјалниот блог пост каде се додава и дека „ќе ги набљудуваме сите регистрации и ќе ги одобруваме споменатите соработки на платформата“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии