Nokia го повлекува 5800 Xpress Music од САД

IT.mk редакција

во Хардвер

{mosimage}Nokia потврди дека нивниот неодамна лансиран модел 5800, телефон со екран на допир, имал проблеми со конектирањето на 3G мрежите. Затоа продавници во САД ја прекинаа продажбата на телефонот кој беше означен како конкурент на познатиот iPhone, откако корисниците пријавиле дека не можат да се конектираат на брзите 3G мрежи, туку единствено само на GPRS мрежите.

Nokia го објави моделот 5800 Xpress Music во САД минатиот петок и телефонот беше опишуван како одговор на Nokia за iPhone и новите модели на BlackBerry. Повеќе од милион примероци од телефонот се веќе продадени во Европа. Европската верзија на 5800 сеуште се продава и го нема проблемот со кој се соочува американската верзија од телефонот.

Од Nokia велат дека "се работи за изолиран проблем кој се однесува на северно-американскиот пазар и досега не е појавен во друг регион или држава". Понатаму додаваат дека "Nokia го истражува проблемот."

Apple-овиот iPhone 3G доминира на американскиот пазар во однос на продажбата на најсовремени телефони од новата генерација. Последните технички проблеми со Nokia 5800, за финската компанија ќе значат уште поголемо намалување на уделот на компанијата во профитабилниот американски пазар.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии