Nokia ги претстави своите нови уреди на MWC: 3310, Nokia 3, Nokia 5 и Nokia 6

Nokia долг период беше гигант и ги имаше најпродаваните телефони. Сепак со излегувањето на првиот iPhone и паметните телефони на Samsung започна и падот на компанијата. Иако по продажбата на Microsoft, финската компанија и целосно пропадна, голем број на фановите не го заборавиле квалитетот на телефоните на Nokia.

Nokia веќе не произведува телефони, дури и новите телефони за кои пишуваме се произведени од HMD Global кој ги има правата на името. Иако 3310 излезе пред 17 години, најавата за нов уред со исто име и издржливост возбуди голем дел од љубителите. Телефонот е без можност да биде сериозен паметен телефон, но може да биде „feature“ уред што ќе ѝ помогне на компанијата да направи чекор во вистинска насока.

Заедно со Nokia 3310, компанијата претстави уште 3 нови уреди: Nokia 3, Nokia 5 и Nokia 6. Сите уреди се од ниска или средна класа, како по хардверот така и по цената.

„Батеријата трае 1 месец, има змија и Nokia рингтон.“, ова беше презентирањето на Nokia 3310 од Арто Нумела.

Новата верзија на 3310 e потенка, пластиката е мазна и телефонот е значително помал од денешните уреди. Новиот телефон доаѓа со 2MP камера, LED блиц и колор дисплеј со резолуција 320х240. Едно полнење на батеријата е доволно за 22 часа разговор. Телефонот има и Opera прелистувач кој овозможува преглед на интернет содржини. Nokia 3 е телефон со 5-инчен дисплеј изработен од алуминиум, доаѓа со 8 MP камера и 720р дисплеј. Цената на уредот е 150 долари. Nokia 4 доаѓа сo 5.2-инчен дисплеј со 720р резолуција, 13 MР камера и Snapdragon 430 процесор, јави Wired. Цената на Nokia 5 е 200 долари.

Nokia 6 е најскапиот телефон на листата, 315 долари. Телефонот има 5.5-инчен дисплеј, 1080р и 16MP камера. Телефонот одамна е достапен на дел од пазарите, но нова најава е дека телефонот е веќе достапен и глобално.

Трите уреди доаѓаат со Android Nougat оперативен систем.