Nokia ги претстави своите први Windows Phone 7 телефони

Lumia 800 и Lumia 710 се првите телефони на Nokia кои работат на Windows Phone 7 оперативен систем, кој финската компанија го прифати како примарна платформа за своите идни уреди по влегувањето во соработка со Microsoft.

Според директорот на Nokia, Стефен Елоп, овие нови WP7 телефони го претставуваат „повторното раѓање“ на компанијата. Nokia иако има најголем удел во пазарот на паметни телефони, сепак стануваше се помалку релевантен играч бидејќи нејзините платформи Symbian и MeeGo заостанува зад iOS и Android.

Nokia Lumia 800 е сличен уред како Nokia N9, само што наместо MeeGo платформата, работи на Windows Phone 7. Има 3,7-инчен AMOLED екран на допир, 8 мегапиксели камера, тежи 142 грама и работи на 1.4 GHz процесор со 512 MB RAM.

Nokia Lumia 800 ќе биде и првиот уред кој ќе има пристап до Nokia Drive апликацијата со поддршка за гласовна навигација. Новите WP7 телефони доаѓаат и со два нови сервиси – Nokia Music и MixRadio со пристап до музика без потреба за логирање или регистирање профил. Овие три апликации се бесплатни. Најавена е и соработка со ESPN за обезбедување на спортска содржина, како вести и резултати.

Lumia 800 ќе се појави во ноември во Европа и ќе чини 420 евра (25.000+ денари).

Доколку сакате поефтина верзија, Nokia го претстави и Lumia 710 кој, интересно, го има истиот хардвер како моделот 800, ист процесор и 512 RAM, но тоа што е различно е камерата. Lumia 710 има 5, не 8, мегапиксели камера. Овој модел ќе се појави првин во Азија и Индија, а во 2012-та и на другите пазари и ќе чини околу 270 евра (16.000+ денари).

Nokia на својата конферeнција Nokia World престави уште четири oбични не-паметни телефони: Asha 200, 300, 301 и 303. Oвие телефони ќе се појават до крајот на 2011-та и ќе чинат од 60 до 115 евра, зависно од моделот. Asha моделите се наменети за земјите во развој или за „следната милијарда мобилни корисници“, како што вели Nokia. Asha на хинди значи „надеж“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии