Nokia бара да се забрани продажбата на BlackBerry

Патент војната продолжува со судир на Nokia и RIM. Финскиот гигант побара од властите во Канада, САД и Велика Британија да ја забранат продажбата на Blackberry телефоните, пишува Computer World.

“RIM и неговите подружница од САД, RIM Corporation сепак продолжуваат да го нарушуваат патентот и основниот договор, преку дејства, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на неовластено производство и продажба на WLAN производи во рамките на оваа област [Северна Калифорнија] и на целата територија на САД.”, стои во жабата на Nokia.

Причината поради која Nokia побара забрана за телефоните на Research in Motion е поради тоа што канадската компанија нема откупено лиценца за патентот за WiFi поврзување. Барањето е втемелено на претходна одлука на Стокхолмската стопанска комора, која е во корист на Nokia. Аргументите на RIM се дека претходниот договор со Финците, значел дека нема да треба да плаќаат повторно за истата технологија за другите уреди но посредникот од Шведска не се согласува со ова.

BBC јавува дека како последица на барањето на Nokia, акциитте на RIM по написот на Computer World паднале за 10 отсто. Од друга страна и со Nokia состојбата е далеку од идеална, но компанијата јавува дека договорите за авторските права врз повеќе патенти ја одржуваат вредноста на компанијата на 11,8 милијарди долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии