Nokia 9 PureView: Колку камери се доволни?

На неколку дена пред CES во Лас Вегас, Nokia го покажа новиот телефон. Компанијата HMD Global и немаше избор откако „протече“ видео од телефонот. Nokia 9 PureView е следниот „флегшип“ телефон на компанијата.

Уредот доаѓа со 5,99-инчен екран со 2К-резолуција; Snapdragon 845 процесор; 6GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Засега протече единствено промотивното видео за телефонот, а телефонот официјално би можел да биде претставен пред Mobile World Congress во февруари.

Сепак и без ништо да знаеме за телефонот, не може да не ни паднат во очи камерите. Телефонот ќе доаѓа со 5 камери со Zeiss оптика. Петте сензори значат дека телефонот слика 5 фотографии истовремено што ќе овозможи различен фокус или собирање на 10 пати повеќе светлина отколку со една, објасни Tom’s Guide.

Дополнително од видеото може да забележиме и дека сензорот за читање на отпечатоци е под екранот. Ова е прв пат оваа технологија да се користи во производите на Nokia.

Видеото доаѓа од @Evleaks кој вообичаено е во право со овие протекувања. Секако за повеќе податоци ќе биде потребно да почекаме на официјалната објава од Nokia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии