Nokia 8 Sirocco е флагшипот на Nokia

Nokia го претстави својот флегшип телефон. Компанијaта без премногу помпа го претстави својот уред на MWC во Барселона. Покрај перформансите, најголема преднос на уредот е што доаѓа со IP67-ознака, челично тело обработено со „diamond cut“ техника, пишува AnandTech.

Nokia 8 Sirocco е сосем нов телефон, иако Nokia 8 веќе постои. Рамката на уредот е изработена од нерѓосувачки челик, самиот уред е заштитен со Gorilla Glass 5  од предната и од задната страна. Уредот е потенок од својот претходник, а Nokia се погрижи да биде отпорен на вода и прашина.

Новиот телефон доаѓа со Qualcomm 835 процесор pOLED и најнова камера. телефонот нема недостаток на хардвер, а и меморија. Доаѓа со 6 GB RAM и 128 GB слободен простор. Тоа без сомневање е и повеќе од доволно и за најпребирливите корисници. Дополнително, за сите на кои 128 GB не им се доволни, уредот има и простор за microSD за дополнително зголемување на капацитетот.

Како и останатите луксузни телефони и Nokia 8 доаѓа со дуал главна камера. Првиот сензор е: 12MP wide, 2L7, 1.4um, 2PD, f/1.75 и FOV 78º; вториот, 3MP tele, 3M3, 1.0um, f/2.6 и FOV 47.3º. Предната камера е стандардна 5МР. Телефонот доаѓа и со куп сензори, од читач на отпечатоци до: ALS/PS, g-sensor, компас, жироскоп, холов сензор и барометар.

Телефонот е еден од првите кои доаѓа со Quick Charge 4.0 на Qualcomm и бежично Qi полнење. За жал, нема специјализиран прилучок за слушалки, па мора да се приклучат преку USB. Sirocco ќе доаѓа со Google Android Oreo. Цената на телефонот е 750 евра, што ни на денешниот малку пренадуен пазар не е малку.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии