Нобелова награда за научниците што го открија човечкиот GPS систем

Џон О’Киф, Мај-Брит Мусер и Едвард И. Мусер се добитници на Нобеловата Награда за медицина поради откритието на „внатрешниот GPS на човековиот мозок“. Нивното откритие покажа дека мозокот се снаоѓа со препознавање на просторот. Тимот истражувачи работеше со лабораториски глувчиња. каде и за првпат ги откри „grid“ ќелиите во мозокот. Овие ќелии се наоѓаат во енториналниот кортекс во близина на хипокампусот и се активираат кога глуците се наоѓаат на локација која претходно ја посетиле. Неодамна професорот Мајкл Кахана од Универзитетот Пенсилванија со помош на видео игри ги мапираше овие ќелии кај луѓето.

Научниците се надеваат дека овие сознанија ќе помогнат на луѓето заболени од Алцхајмеровата болест со нејзино рано детектирање. Болеста се влијае и се манифестира токму на овој дел од мозокот, оставајќи пациенти дезориентирани и неспособни за препознавање на околината во која се наоѓаат, вели Verge.

[youtube]jYCR0pQLd_U[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии