Њујорчанин го тужи Facebook и бара 84% од компанијата

Според наводниот договор, тој на 1 април 2008 година му дал пари на основачот Марк Зукерберг како инвестиција за веб сајт по што му биле (наводно) ветени 50% од компанијата + 1% за секој ден после 1 јануари 2004 додека Зукерберг го заврши сајт. Биле потребни 34 дена и затоа г-дин. Циглиа сега го тужи Facebook велејќи дека има 84% од компанијата.

Чудно е што г-дин. Циглиа реагира после 7 години од склучување на наводниот договор со основачот на Facebook. Wall Street Journal, кои виделе копија од договорот, велат дека „датумот на договорот е во конфликт со претходните датуми за креирање на Facebook“. Имено, Зукерберг го изгради Facemash, првичниот Facebook, во октомври и ноември 2003, но не го регистрирал доменот thefacebook.com се до јануари 2004 година.

Интересно њујоршкиoт суд дури издал и наредба за забрана Facebook да „пренесува и продава средства, акции…“ се додека не се реши случајот. Facebook сега бара случајот да го превземе федералниот суд и побара да се тргне забраната за пренесување на средства. Исто така, тоа што може да му помогне на Facebook лесно да го откачи случајот е што г-дин. Цеглиа е на суд затоа што во 2009 година неговата компанија Allegany Pellets примила нарачки вредни 200.000 долари за дрвени пелети, но тој не ги доставил.

Од другите вести за Facebook, Марк Зукербер доби портрет-мозаик составен од иконите на Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии