Ниту графичките процесори не се отпорни на Spectre, Nvidia издаде закрпа

Ако некако успеавте да не забележите, главна вест кај процесорите на почетокот на 2018 се два безбедносни пропусти. Meltdown и Spectre ги зафатија речиси сите процесори произведени последните 20 години.

Процесорите од Intel, AMD и ARM се подложни на пропустот. Иако изгледаше дека само „главните“ процесори се подложни на напад, вчера безбедносна закрпа за Spectre издаде и Nvidia. Со тоа се чини дека сите популарни процесори се подложни на Spectre, а ниту графичките процесори не се имуни на пропустот. AMD и Nvidia не се во опасност од Meltdown, но сепак може да имаат проблем со Spectre, јави Reuters.

Сериите GeForce, Tesla, Grid, NVS и Quadro се зафатени од безбедносните пропусти.

Во коренот на Meltdown и Spectre е начинот на кој функционираат процесорите, па многу е тешко да се надмине пропустот. Засега нема откриени напади, но благодарение на неразделноста на процесите помеѓу апликациите од корисникот и кернел мемориските процеси, напаѓачот би можел да дојде до чувствителни податоци од корисникот. Закрпата треба да направи поделба на корисничките и кернел мемориските процеси со „kernel page-table isolation. За жал, закрпата ќе ги намали и перформансите на чиповите.

Не толку добри вести доаѓаат и од Microsoft. Компанијата објави дека привремено запира со закрпите за компјутерите со AMD процесори. Причината за ова е паѓање на системот по инсталирањето на закрпите, но и и лошата документација, објави Ars Technica.

За графичките процесори засега е нејасно колкав ќе биде падот на перформансите. Кај стандардните процесори перформансите се намалени помеѓу 5 и 30%, во зависност од процесот.

Лоша вест е што иако за Meltdown може да се отстрани опасноста со софтверски закрпи, тоа не е случај и со Spectre, тука опасноста може единствено да се намали.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии