Nintendo ќе затвори еден од своите први погони за да го претвори во галеријa

Дејан Соколоски

во Свет

Image courtesy of Nintendo

Nintendo ќе ја затвори фабриката „Uji Ogura“ и ќе ја претвори во јавна галерија. Во галеријата ќе бидат изложени достигнувањата на оваа компанија која е омилена на многу гејмери. Погонот кој ќе биде пренаменет е изграден во 1969 година. Tука биле произведувани карти за играње и „Hanafuda“ карти.

Посетителите во галеријата не само што ќе се запознаат со развојот и историјатот, туку ќе можат да се запознаат и со филозофијата на компанијата. Секако ќе бидат изложени куп експонати. Без сомневање ќе има конзоли, игри, карти. Воопшто не се сомневаме дека она што ќе може да го видиме, се јунаците од видеоигрите, а во Nintendo баш има многу. Компанијата ни ги донесе Mario, Donkey Kong, The Legend of Zelda, Metroid, Pokémon, Animal Crossing, Pikmin и Splatoon.

Според првите прогнози галеријата би требала да биде отворена на крајот на фискална 2023, што значи најдоцна до март 2024 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии