Ninja vs Zombies е симпатична српска игра за Android

Ninja vs Zombies e српска игра која се труди да го одговори древното прашање: Дали способностите на нинџите се доволни во постапокалиптичен свет преполн со зомби чудовишта?

Се работи за исклучително едноставна игра за вашата Android направа, каде управувајќи со нинџа, потребно е да преживеете од точка А до точка Б. Играта се одликува со четири уникатни територии: фабрика, гробишта, пештера, и шума. Секоја локација се одликува со три стази. Вашиот нинџа воин има на располагање катана и таканаречените шурикен проектили. Бројот на шурикените е ограничен и нема да можете да се надевате на неограничено, далечно ликвидирање на, за жал, бесконечната бројка од непријатели. Покрај ова, постојано мора да внимавате и најразлични замки кои инстантно ќе ве преселат на вечните пасишта, или каде и да одат нинџите.

Ninja vs Zombies ќе проба да го олесни вашето кратко патување низ локациите со понуда на засилувачи. Па така, пред започнување на некоја стаза, ќе можете да одберете вашата катана да удира со поголема силина, да го зголемите бројот на шурикени, како и да ја искористите древната знаење на модерните и кул нинџи и да се обвиткате во енергетски штит.

Играта е бесплатна и можете да ја проверите тука!