Нина Ангеловска е предлог за министер за финансии

Директорката на Групер, Нина Ангеловска ќе е предложена за нов министер за финансии. Нина Ангеловска е дел од новиот бран на претприемачи кои ја согледаа важноста на новите технологии и дигиталната трговија. Групер е една од првите успешни македонски онлајн компании со кои некако започна и е-трговијата во Македонија. Ангелова на местото Министер за финансии влегува како непартиски кадар. Таа е и претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Со изборот на Ангеловска, Македонија ќе добие министер кој првенствено е фокусиран кон модерно претприемништво. Токму искуството како претприемач со Групер, но и познавањето на новите трендови и технологии се најголема придобивка за Министерството. Според најавата, предлогот за избор на Нина Ангеловска денес ќе биде испратен до Собранието.

Поставувањето на Ангеловска е интересна порака и за ИТ-секторот коj имаше поплаки дека претходниот министер нема доволно искуство во овој сектор. Се чини дека со нејзиното поставување конечно ИТ секторот добива свој „претставник“ во владата.

Ова е време на технологии, вештини, развој на модерното претприемништво и нови бизнис модели, дигитални комуникации и производство. Таму го гледам развојот на земјата. Конечно, ќе вложам максимум во унапредувањето на фискалната транспарентност и домаќинско раководење со парите на граѓаните“, вели Нина Ангеловска во пост на друштвените мрежи.

На местото Министер за финансии доаѓа откако Драган Тевдовски си поднесе оставка, а Антикорупциската комисија донесе одлука дека премиерот не може истовремено да раководи со владата и да биде министер за финансии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии