Никогаш нема да ги загубите домашните миленици со MyKi Pet

Дејан Соколоски

во Вести

Еден од кошмарите на сопствениците на домашни миленици е да го загинат својот миленик. Барање по Facebook групи, па закачување на огласи во населбата, сè само да се пронајде миленикот.

За среќа технологијата нуди подобри решенија, а сега едно вакво решение е достапно и кај нас. Операторот VIP го претстави MyKi Pet, малечок уред кој се користи за следење на домашните миленици. Уредот преку апликација се поврзува со паметен телефон и таму може да го пронајдете вашиот домашен миленик.

Уредот овозможува следење со GPS GSM и праќање на овој податок назад во апликацијата. Потоа апликацијата ја покажува зоната во која се наоѓа миленичето. Прецизноста на уредот е 10 метри. Можеби најголема предност е можноста за поставување на безбедна зона. Додека миленикот е во безбедната зона се е в ред, штом миленикот ја напушти оваа зона, до телефонот веднаш стигнува нотификација. Како дополнителна функционалност достапна е програмата за “тренинг” која нуди преку 4 различни звуци кои овозможуваат дресура  на милениците да извршуваат различни команди. Уредот е доволно лесен да не им пречи ниту на помалите миленичиња.

MyKi Pet тракерот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел Vip MyKi Pet со претплата од 199 ден./месечно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии