Режирана од Алехандро Инариту, познат по филмовите „21 грам“ и „Бабел“, феноменалната реклама е приказна каде секој потег на фудбалерот ја чува иднината, секој допир може да го промени текот на натпреварот, како и на целото натпреварување.

“Еден допир со топката може да биде можност да оставите свој белег на играта и да си ја напишете иднината, исто и ако го промашите моментот, што креира историја за вашиот противник и нивните фанови.“ вели Кристијано Роналдо, играч на Реал Мадрид и најскапиот фудбалер во светот.

Nike во јуни ќе стартува уште еден дел од кампањата – Тhe Chance – во која ќе ги вклучи фановите да креираат свое видео спот и слики кои потоа ќе бидат искористени од фудбалерите за своите Facebook профили, а најдобрите спотови ќе бидат испратени на Nike Academy фудбалски камп.

Кампањата стартува на Facebook на Nike Football профилот, на NikeFootball.com како и на YouTube, а од 22 мај ќе се појави и на телевизорите за време на финалето во Лигата на Шампиони.

1 коментар на “Nike: Write the Future мега-кампањата стартуваше на Facebook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии