Niantic Labs ја објави Ingress, игра со алтернативна реалност за Android

Ingress е игра за алтернативна реалност за Android уреди од Niantic Labs на Google, која речиси цела година е во бета фаза, а сега е достапна за сите корисници на овој оперативен систем. Специјалните покани повеќе не се задолжителни, a Ingress конечно ќе излезе од бета фазата на 14 декември, пишува Engaged.

„Светот е Игра. Движете се низ реалноста користејќи го вашиот Android уред и Ingress, откријте и собирајте извори на мистична енергија. Собирајте предмети кои ќе ви помогнат во вашата мисија, искористете ја технологијата да заземете територија и здружете со останатите играчи за да напредувате и да им помогнете на Enlightened или Resistance.“

[youtube]92rYjlxqypM[/youtube]

Покрај можноста за приклучување на играта, играчите кои веќе подолго време играат ќе добијат медал доколку стигнат до петто ниво пред да заврши бета фазата. Играчите кои од денес до 14 декември ќе бидат најдобри, ќе добијат награта – платен пат до Калифорнија и можност за работа заедно со Niantic Lab на остатокот од приказната на играта. Ingress засега ќе биде достапна единствено на Android опертивниот систем, а за 2014 година е најавена и iOS верзија.[youtube]aAExyzJPPHA[/youtube]

1 коментар на “Niantic Labs ја објави Ingress, игра со алтернативна реалност за Android

  1. хехе сликата горе е од San Francisco, Financial District. Еднаш некоја будала му имаше облечено дуксер на тој човекот свртен со грб и стоеше недела дена така.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии