NFT и иднината на видеоигрите

Дејан Соколоски

во Вести

Изгледаат дека се прескапи и моментален тренд, но интересот за Non-fungible токени барем во моментов е огромен. Она што го овозможуваат овие токени е вештачко ограничување на бројот на инаку неограничен број на дигитална содржина. Карактеристика на овие токени е што се уникатни и неделиви.

Во моментов токените се користат како доказ за купување на оригинални дигитални дела, од слики, до мемиња и видео. Потенцијална идна примена која веќе е во тест фаза е користење на NFТ во видеоигрите. Она што ќе го овозможи технологијата е креирање на финансиска врска помеѓу игрите и вистинскиот свет.

Една од игрите кои веќе ја тестираат технологијата во играта е Decentraland. Во играта корисниците тргуваат со крипто-токенот Mana. Технологија овозможува трансакции за добра од дигиталниот свет со фиат валути. Веќе постојат и корисници кои купуваат и изнајмуваат дигитален простор за вистинска заработка.

За повеќе информации прегледајте го видеото.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии