Десет најпреземани филмови на пиратските сајтови #5

Пиратеријата и понатаму цвета, особено во филмската индустрија. Секојдневно се преземаат и прегледуваат бројни филмски остварувања, а минатата недела предност се даде на следниве хитови.

10. Lady and the Tramp, IMDb оценка: 6.5

Трогателна CGI реивигорација на Disney класикот од 1955 година. Маза и Луња не добија високи критички оценки, но нивната приказна и понатаму размрда нешто во нас. Двајца од актерите, Ивет и Кен претходно соработуваа заедно во хит серијата Community (2009).

9. The Lion King, IMDb оценка: 7.1

Претпоставуваме дека нема кој не слушнал за цртанот со малиот лав кој е принуден да ја открие суровата вистина за одговорност и храброст. Како и за фразата Хакуна Матата. Филмот доби седум номинации, а издвои две победи. За тоа дали е заслужено, проверете самите!

8. Ready or Not, IMDb оценка: 7.0

Како интересна смеса од хорор, мистерија и комедија, Ready or Not мајсторски покажува како една свадба може да заземе неочекувани насоки веќе од наредниот ден. Дефинитивно ве принудува да дознаете нешто повеќе за најблиските на вашата „друга половина“.

7. Dora and the Lost City of Gold, IMDb оценка: 6.0

А вредните пирати решија минатата недела да ја почестат помладата публика со филм во кој тинејџерката Дора ќе проба да ги спаси нејзините родители и да ја реши мистеријата зад изгубениот град на златото. Симпатичен, релативно смешен наслов за целото семејство.

6. It Chapter Two, IMDb оценка: 6.8

Продолжетокот на едно од најголемите хорор остварувања на Стивен Кинг не успеа да ги импресионира критичарите на ист начин како првиот филм, но тоа не значи дека многу пирати не сакаа да му пружат шанса. И покрај ова, филмот и те како успеа да си ги поврати парите.

5. Joker, IMDb оценка: 8.8

Џокер не е лош човек, само не е разбран од светот. :) Ова е еден од ретките филмови кои апсолутно ја изненадија филмската популација со феноменалната глума и приказна. Емоционално патување кое никако не би требало да се пропушти.

4. Once Upon a Time … in Hollywood, IMDb оценка: 7.9

Критички-признаена драма за две холивудски „ѕвезди“ кои мака мачат да се пробијат за време на златното доба на Холивуд. Интересен приказ на Лос Анџелес во 1969 година, одлична режија и приказна од страна на Квентин Тарантино, како и маестрални актерски способности на Леонардо Дикаприо, Бред Пит, и Маргот Роби.

3. Rambo: Last Blood, IMDb оценка: 6.6

За неговата последна мисија, Рамбо мора да се соочи со минатото и да ја добие саканата одмазда преку имплементација на неговите свирепи борбени способности (превод: лудило од пукање, тепање, експлозии и викање. (превод: добриот, стар Рамбо)). Metacritic дефинитивно не се согласува со нас, има само 26 поени.

2. Angel Has Fallen, IMDb оценка: 6.5

Акционен трилер во кој Мајк Банинг е наместен за обид на убиство на претседателот. Последиците се оправдано огромни и Мајк мора да се крие не само од неговата агенција туку и од FBI, барем се додека не ја открие вистинската закана.

1. Gemini Man, IMDb оценка: 5.7

Замислете дека сте платен убиец. Стар платен убиец. Замислете дека е потребно да се соочите со друг платен убиец кој е всушност млада ваша верзија – клон. Замислете дека филмот има сосема просечни оценки и се дави во црвената зона на Metacritic. Сега замислете дека овој филм е најпреземаниот филм од минатата недела.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии