Nexus го менува името, новите уреди со непроменет Android ќе имаат ново имe

Дејан Соколоски

во Мобилни, Свет

Веќе со години, таблет компјутерите и паметните телефони кои доаѓаат со непроменет Android, доаѓаат со името Nexus. Оваа година ќе биде променето името на серијата; поважно новите телефони ќе доаѓаат и со променет интерфејс, јави Android Central.

Ова секако е голема промена. Досега Nexus телефоните доаѓа со непроменет Android. Засега е нејасно дали Google ќе ја ребрендира серијата или можеби само ќе прерипаат година. Една од најавите која се однесува на дизајнот е дека „Nexus“ на телефоните ќе биде заменет со „G“-лого.

Промените се однесуваат на телефоните, а засега нема најава за таблет компјутерите. Причина за ова може да биде што таблет компјутерите излегуваат не баш редовно, а почетокот на есента вообичаено е периодот во кој Google ги најавуваше Nexus телефоните.

Со оглед на тоа дека наскоро ќе биде пошироко достапен и Android N, дел од прашањата ќе добијат соодветен одговор. Неодамна се појавија документи од Федералната комисија за комуникации кои покажуваат дека HTC ги прави новите Nexus телефони.

1 коментар на “Nexus го менува името, новите уреди со непроменет Android ќе имаат ново имe

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии