Nexus 7 или iPad Mini, кој 7-инчен таблет компјутер треба да го купите?

Несомнено e дека новиот Nexus 7 доаѓа освежен со голем број подобрувања, но прашањето кое ги интересира сите е како овој нов таблет компјутер на Google се споредува со најсериозниот конкурент – Apple iPad Mini. Во ова споредба ќе ги изоставиме оперативните системи бидејќи и Android и iOS (кој наскоро ќе биде комплетно редизајниран) може да бидат одберени само поради личното искуство. И иако и двете платформи имаат над 800.000 мобилни апликации, што е огромен избор, сепак изборот зависи од вкусот за дизајн и личните интереси за што ќе го користите оперативниот систем, односно таблетот.

Тоа што е важно за сите е уредот да има добри перформанси и квалитет кој би бил над очекувањата за вредност. Да почнеме од тоа што се гледа. Екранот на iPad Mini е 7,9-инчен IPS-дисплеј со резолуција 1024х768, но Nexus 7 сега доаѓа со одлични 1920х1200 пиксели на 7-инчен екран. Новиот Nexus 7 без сомневање има подобар екран од iPad Mini, но Apple има адут со Retina дисплеј кој е достапен на iPhone, iPad и Mac, и кој најверојатно ќе се биде достапен и на новиот iPad Mini. Според очекувањата, нов iPad Mini ќе биде претставен ова есен.

Процесорот на Nexus e 1,5 GHz четиријадрен Qualcomm Snapdragon S4 Pro. Нему му се спротивставува A5 на 1 GHz. Според бенчмарк тестовите, новиот Snapdragon е помоќен од A5 кој е инсталиран во iPad. Покрај ова графичкиот процесор Adreno 320 може да се спореди со оној на Samsung Galaxy S4. Но, бенчмарковите на поединечни делови не значат многу кај уредите на Apple кои се совршено усогласени за да понудат најдобри перформанси. И двата уреди се со беспрекорни процесори.

Nexus 7 доаѓа со 2 GB RAM, што е четири пати повеќе од 512 MB на iPad Мini. Што се однесува до слободниот простор, двата таблет комјутери имаат 16 и 32 GB верзии, a Мini има и верзија со 64 GB простор.

Двата уреди имаат Bluetooth 4.0 и Wi-Fi поддршка. Слично е и времетраењето на батеријата. Nexus 7 има батерија која трае 9 часа ако гледате HD видео или 10 часа сурфање. iPad mini пак доаѓа со батерија која овозможува 9 часа сурфање на 3G мрежа или 10 часа WiFi и гледање на видеа. Иако за македонските корисници е безначајно, верзии за новиот Nexus 7 доаѓаат со отклучена LTE поdдршка, за разлика од Мini кај кој се врзани со операторот.

Најважниот критериум е секако цената која е на страната на Nexus 7, и станува уште позабележлива со подобрите варијанти на таблетите. Nexus 7 со 16 GB RAM чини 229 долари, додека iPad mini чини 329 долари, 32 GB верзии на таблетите се 269 и 429 долари. LTE моделот на Nexus 7 доаѓа за 349 долари, а Apple своите уреди ги нуди за 459 односно 559 долари.

По се изгледа дека, барем до излегувањето на нов iPad Мini, на тронот на 7-инчните таблет компјутери ќе биде Google Nexus. Nexus има подобар екран, процесор, RAM и е сериозно поевтин. Но, ако не се брзате да купите таблет компјутер, тогаш не го занемарувајте идниот iPad Mini се Retina дисплеj.

11 коментари на “Nexus 7 или iPad Mini, кој 7-инчен таблет компјутер треба да го купите?

  1. Едно е споредба на таблети, друго е кој треба да го купиме ние. Затоа што изборот е секогаш на купувачот. Двата производа се одлични, едниот има подобра цена. Ако си фан на Епл, и можеш да си го дозволиш, купи си го и уживај си. Јас би се држел до Нексусот, (го имам претходниот модел), со оглед на цената е дефинитивно "Best value" за парите со однос на тоа што нуди таблетот. Од друга страна, колку реално го користиш таблетот особено ако имаш само ВиФи? Да сум во Америка, да, ама тука сме во Македонија така да што и да купиш неможеш да му го искористиш потенцијалот на уредот(барем сеуште). Така да ќе се држам до она што е "best value for your money".

  2. Текстот е далеку од ренцензија кој таблет треба да се купи. Ова е само релативно кратка хардверска споредба меѓу двата најпопуларни 7 инчни таблети. Текстот треба да вклучува споредба на оперативните системи, оперативните системи, бенчмарка на најкористените апликации итн.
    Ако насловот се промени во Хардверска споредна на двата таблети би одговарал на содржината.
    Целосно го подржувам Крале. Софтверот е итекако битен, наверојатно и најбитен.

    1. Точно. За жал немаме при раце нов Nexus 7, па користиме тоа што е објавено официјално, како и претходно искуство со овие два, но и други таблет компјутери. Не го споредуваме ОС бидејќи популарните апликаци се достапни и на двете платформи, филмови може да гледате и на двете платформи, може да читате е-книги и на двете платформи. Дизајнот на апликациите и користењето е резличен се разбира, но тоа е битката меѓу iOS и Android, не меѓу Nexus и iPad Мini.

      За Македонија цената е клучна, барем најголем фактор во одбирањето.

    2. Точно. За жал немаме при раце нов Nexus 7, па користиме тоа што е објавено официјално, како и претходно искуство со овие два, но и други таблет компјутери. Не го споредуваме ОС бидејќи популарните апликаци се достапни и на двете платформи, филмови може да гледате и на двете платформи, може да читате е-книги и на двете платформи. Дизајнот на апликациите и користењето е резличен се разбира, но тоа е битката меѓу iOS и Android, не меѓу Nexus и iPad Мini.

      За Македонија цената е клучна, барем најголем фактор во одбирањето.

  3. Како тоа оперативните системи не се битни, кога за Таблети на Андроид нема ниедна асална апликација. Тоа е премногу битно. А вашите параметри со хардвер се малце заостанати. Да iPad Mini има 512РАМ, а Нексус 2ГБ, ама не објаснувате на читателот како е тогаш можно iPad-от да работи тотално без лагови и сецкања, паѓања на меморија и слично, нешто што на Нексусот знае редовно да се појавува?

    Не може сериозна анализа да се прави денес без софтвер, кога софтверот е денес се. Секој може да набута квад-корови и рамови, ама како тие функционираат е друго.

    1. Вие iSheep-овите сте слепи кога се работи за некој друг производ различен од iCrap.
      Немало НИЕДНА асална апликација за андроид таблет… :зиниземјоголтниме:

      1. Па јас за разлика од тебе сум ги имал двата таблета. Во последниов само месец работев и на новиоте Note 8.0, не зборам на памет :)

      2. Типично iSheep-ско тролање. Само тие имаат ајпад (WTF), дал да плачам или да се смеам… Следниот молам.

      3. Тролање е ако тоа што го пишува, го пишува за да предизвика негативна реакција, без притоа истото да го мисли, во случајот, терминот тролање е тотално неточен затоа што тој тоа искрено го мисли, и тоа базирано врз лично искуство со двата уреди, нешто што ти го немаш. Али некако сепак пак подобро знаеш од него :) Веројатно затоа што си Дедо Мраз.

      4. Али секако, гледам и ти иако не си Дедо Мраз знаеш подобро од мене какво искуство имам јас. Имам работено на скоро сите уреди со iOS освен првите ајфон и ајпад, моментално и лично поседувам 4S. А тоа дека тој има лично искуство со новиот Нексус 7 оди да ТРОЛАШ некој друг.

      5. Да, да ти последниот месец пред да излези Nexus 7v2 работеше на него… Супер.. Cool story bro!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии