Nexus 7 доаѓа во Европа на 3-ти септември

Nexus 7 доаѓа на континентална Европа на 3-ти септември. Прва држава на „копното“ во која официјално ќе се продава таблет компјутерот ќе биде Франција, а потоа ќе следат и другите. Иако засега без најава се очекува до крајот на септември таблет компјутерот да се продава во сите држави членки на ЕУ. Веста „протече“ откако информации се појавија на страните на повеќе продавници, пред се Fnac, кои го најавија новиот 7-инчен таблет компјуер на своите полици.

Прва верзија на уредот која ќе биде достапна во Франција е верзијата со 16 GB простор, а се очекува останатите да дојдат набрзо по неа. За жал, мистериозната промена на валутите повторно напаѓа, па уред кои во Европа ќе чини 249 евра (310 долари), на Google Play ќе може да го купите за 249 долари, а доаѓа и со 25 долари кредит за содржини од продавницата.

Останува да видиме дали остатокот на Европа ќе полуди по Nexus 7, како што беше случај со САД и Британија, кои побрзо го купуваа Nexus 7 отколку што Google и Asus го произведуваат. Според очекувањата на Google, во Европа би требало да продадат околу 8 милиони уреди. Што се однесува до Македонија, најверојатно нема да биде во првата група држави во кои ќе може да се купи таблет компјутерот, но најверојатно ќе може да го најдете на сивиот пазар.

[youtube]YMQdfGFK5XQ[/youtube]

1 коментар на “Nexus 7 доаѓа во Европа на 3-ти септември

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии