Nexus 5 се појави во Play Store со цена од 350 долари

Дејан Соколоски

во Мобилни

Додека сите љубители на Android оперативниот систем се во исчекување на официјалната најава за новиот Nexus паметен телефон, некои посетители на Google Play неочекувано го гледаат Nexus 5 како достапна опција, пренесува Engadget кои потенцира дека само мал дел од корисниците во листата го добиле Nexus 5. Google сега ја има поправено грешката и сите посетители го добиваат Nexus 4.

Новост е дека ќе има верзија со 16 GB и ќе чини 350 долари, претходните вести ни го претставија речиси целокупниот хардвер и изглед на телефонот. Nexus 5 доаѓа со Snapdragon 800 со 2.3 GHz и ќе има екран од 4,95″ со 1080p, 2 GB RAM меморија и 16 или 32 GB простор за чување на податоци. Очекувањата се дека телефонот ќе биде достапен од заедно со Android 4.4 KitKat од 28 октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии