#NextGenerationConference: Интервју со Игор Лазаревски од Seavus

Во исчекување на третото издание на Next Generation Conference кое ќе се одржи овој викенд, нетрпеливи сме да дознаеме нешто повеќе за говорниците и она што ќе се случува таму.

На листата на говорници е и Игор Лазаревски, кој сподели дел од своето досегашно искуство како Technology Line Manager за .Net на ниво на цела Seavus групација.

Дали би сакал да ни го откриеш тропскиот остров на кој што би сакал да се пензионираш, согласно твојата кратка биографија на сајтот на NextGeneration конференцијата?

Се уште го барам вистинскиот остров. Има толку многу прекрасни места во светот и изборот е голем. Сега сум во потесен круг на одлука помеѓу островите на југот на Тајланд, како и Мадагскар како моја добра опција. Тука секако се и Маурициус, Канарски…. се уште барам. Треба темелно да се проучи изборот, здравствен систем, штета од урагани во година и слично, но, имам време до тогаш така што планот е да се посетат повеќе места за да се има подобар увид во местата. Исто така и одлуката треба да биде донесена со консензус со мојата сопруга со која треба да ги посетиме сите места. Значи, да кажеме дека моментална цел е посета на поголем број места што самото по себе е добра цел па на крај може да се увиди дека и Македонија е најдоброто место за уживање J. Ќе видиме…

Согласно твоето искуство како Technology Line Manager за Microsoft технологии во Seavus, без кои Microsoft алатки и технологии би ти било чудно на островот?

Хм… Моменталниот развој на технологиите се одвива на начин каде сите технологии можат да бидат пристапени од WEB. Тоа значи дека повеќето технологии и алатки се веќе достапни било каде. Се што ти треба е добра интернет конекција и алатките ги поседуваш каде и да си. На овој начин не е потребно да се спремаш т.e. се осигуруваш дека алатките се каде треба да се, туку според моменталната потреба, истите можат да се симнат или користат од каде било. Доколку нешто дополнително е потребно, имам време, во пензија сум, се што би ми требало сам ќе си издевелопирам. Секако доколку моите ангажмани во мојот Tiki bar го дозволуваат тоа. :)

Што за тебе претставува “technology agnostic architect” и зошто се декларираш како таков?

Во светот на софтверскиот развој, постојан голем број на технологии кои можат да се искористат како би се постигнала некоја цел. Секој проблем може да се реши на повеќе начини и со помош на повеќе технологии. Денес е доста тешко еден девелопер да се одлучи и за вистинската технологија на пример кога би требало да се изработи една SPA апликација, изборот за FrontEnd технологија е доста тежок, а да не зборуваме и за пошироко. Најчесто нашите одлуки се многу зависни од нашето искуство и експертиза која ја имаме и поради тоа решенијата, начинот на размислување ни се зависни од алатките со кои работиме секојдневно. Јас лично се трудам, кога некое решение треба да се обмисли, моето размислување да не зависи од технологијата која ја користам секојдневно, но да биде темелена врз бизнис потребите кои треба да се подржат и да ги решат моменталните и потенцијално идните проблеми со кои бизнисот се соочува или ќе се соочува. Ова значи дека не треба да ги земам во предвид можностите и рестрикциите која некоја технологија ги носи со себе, но да се дефинира потребното решение. Кога ќе заврши оваа фаза, тогаш стапува на сила дефинирање на реалната имплементацијата, каде што треба да се поврзат технологии за реализација на архитектурата претходно дефинирана. Во овој сегмент, потребно е да се има познавања од различни технологии и технолошки правци, како би се дефинирала најсоодветната технологија за решавање на проблемите. Ова подразбира дека треба да се има разбирање за голем број технологии и секојдневно надградување на тие знаења како би се донеле најсоодветните одлуки.

Како да опстанеш како таков во денешно време кога целата индустрија лудува по специјалисти во одредени технологии?

И јас самиот сум специјалист во дадена технологија, а тоа  е .NET технологијата каде ми е сместена најголемата моја експертиза и знаење. Делот од технолошки независен концепт е само во фазата на дефинирање на архитектурата, додека се вклучувам во имплементација само кога имплементацијата ја побарува мојата специјалност. Имам привилегија да работам во една голема компанија каде се користат голем број на технологии, всушност ги користиме сите поголеми технологии кои моментално се користат за потребите на Европскиот пазар. Во компанијата работат голем број на врвни експерти во сите технологии кои се вклучени во компанијата и се на располагање на потребите на проектите. Доколку заклучиме дека некој проблем во тековниот проект е најдобро да се реши со некоја технологија која не е дел од нашата експертиза, тогаш вклучуваме некој од нашите колеги кои се експерти во потребната област. На овој начин ние се грижиме за клиентот да го добие потребното, најсоодветно решение, а при тоа ние како девелопери, да се развиваме во дадена област и технологија како би биле експерти во истата.

Раскажи ни повеќе за твоето долгогодишно искуство со Windows Forms, Windows Presentation Foundation… на какви проекти работеше низ годините? И зошто баш овие технологии ти станаа секојдневие – личен избор или беше наведен од самите проекти да се упатиш во тој правец?

Во програмирањето сум повеќе од 14 години. Во текот на моето искуство, јас сум дел од многу проекти од најразлични области. Наведените технологии за кои вие говорите се само еден мал дел, фрагмент од технологиите кои сум ги користел или за кои имам некакво искуство. Ако ги ставев сите во моето “кратко” резиме од две-три реченици, и немаше да биде така кратко. Воглавно, јас сум WEB девелопер, значи сум насочен кон креирање на WEB апликации. Сум бил исто така често и дел како архитект и имплементатор на комплексни, enterprise проекти кои се доста посложени и предизвикувачки. Ние како девелопери сме производ од нашето искуство, а под искуство подразбирам компаниите во кои сме работеле, проектите над кои сме работеле и луѓето со кои сме работеле. Јас сум имал среќа да бидам дел од добра компанија, каде предизвикот е секојдневен, а со тоа и потребата за секојдневен развиток за да може да се задоволат потребите на клиентите сo доста предизвикувачки потреби, чии барања биле и понапред од времето на моменталните технологии. Исто така тука се и колегите, кои се во доста голем број, и повторно да споменам, кои се експерти во дадени области, и со кои секојдневно можеш да разговараш за нови идеи, да ги предизвикуваш своите ставови и со тоа да бидеш секојдневно подобар во тоа што си и во тоа што го работиш. Со тоа всушност ти не го користиш само твоето искуство, туку и целокупното искуството и на колегите со кои работиш. Мојата кариера не е само во развојот софтвер, јас исто така имам работено како графички дизајнер, како професор, како IT администратор за на крај да se најдам себеси како програмер и технички водач. Секој сегмент во мојата кариера, секоја улога која сум ја имал придонела за да ги развијам и проширам моите видици и да креирам подобра слика за себе како би бил подобар во тоа што го работам и да бидам спремен за напредок и иден кариерен развој.

А на какви проекти работите сега во Microsoft дивизијата во Seavus? И кои се најголемите предизвици со кои што се соочувате?

Мојата сегашна улога е малку поинаква. Директно не зависи ниту еден проект од мене како имплементатор, туку мојата улога е повеќе насочена на развојот на луѓето и дефинирање на принципи и процеси како би се креирала околина како што сакаме Сивус да биде. А тоа е креирање на околина која го вреднува знаењето, развојот и комуникацијата помеѓу луѓето. Мојата улога излегува од Microsoft дивизијата и улогата е во сите дивизии и канцеларии во компанијата. Генерално, каде постојат луѓе кои работат со Microsoft технологии, моето место е меѓу сите нив, како би можеле да направиме најдобра околина каде секој човек ќе се чувствува удобно. Секако развитокот од технолошка смисла не смее да заостанува. Мојата работа вклучува и разговор со клиенти, дефинирање на архитектури за решенија како и дефинирање на имплементација. Често овој процес е пропратен со развој на решенија со кои се докажува некој концепт кој го предложувам а тука се и моите приватни проекти на кои секојдневно работам. Исто така дел од мојата работа е и креирање на работилници и разни настани како за луѓето во компанијата така и за девелопери кои не се дел од мојата компанија. Предизвиците со кои се соочувам се од многу области, како предизвици со работа со луѓе, предизвици кои доаѓаат од дефинирање на процеси за кои нема да се видат резултатите веднаш туку потребно е време за нивна реализација, исто така предизвикот од секојдневно учење на новитети од технички аспект, кој всушност и не претставува голем предизвик затоа што ми претставува задоволство и навика во мојот живот, со чија помош стремам да бидам спремен за предизвиците кои стојат пред мене.

Доколку сте љубители на технологија и сакате да слушнете нешто повеќе на следниве теми: Net / DB / QA, Java / FrontEnd и Трендови во технологијата, регистрирајте се на Eventbrite.

Дел од листата на говорници е и Никола Живков, Technology Line Manager за Java на ниво на цела Сивус групација, интервјуто со него може да го прочитате на следниот линк.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии