Next Spin Slots е нова македонска Facebook игра која потсетува на покер апарат со малку поразлична тема – циркус. Играта ја користи популарноста што покер и казиното ја имаат на Facebook, но истовремено се обидува да биде поинтересна со додавање на бонус нивоа и приказна.
Играта е објавена пред неколку дена, но студиото кое ја направи Game2Be работеа на неа околу две години. Во видеоиграта играте со неколку карактери, сите препознатливи од циркузите: кловн, акробатка на трапез, најjакиот човек во светот и трамболинистка. Играта има и деве бонус нивоа, а Game2Be најавуваат дека наскоро ќе биде направена и втората сторија која ќе биде уште поинтересна со нови карактери и нови бонус мисии.
Графиката во играта не е лоша со оглед на тоа дека станува збор за игра со слот машини, иако можеби поради недостатокот на сенки и светлост, во деловите каде е поизразено 3Д изгледа празно, што секако е нешто за што треба да се размисли за следната верзија. Друг мал проблем е и што доколку сте како мене и не ви се допаѓаат слот машини, бонус игрите кои се и многу позабавни од самата игра се премногу малку и премногу далеку една од друга.
[youtube]MQ5hYMu5cDU[/youtube]