New York Times: Балканската стартап сцена e поттикната од малите трошоци

На Балканот започнува да се развива нова, енергична стартап култура, констатира New York Times, во интервју со повеќе основачи на стартапи и акцелератори од регионот. Се чини дека барем за сега главни раздвижувачи во регионот се Србија, Романија и Бугарија и неколку акцелератори финансирани од Европската Унија.

Најголема предност на стартапите во регионот се ниските трошоци за инвестиции како адвокати и кирии, голем број на програмери, но и можностите кои им ги нудат дел од државите на почетниците претприемачи. Тоа што недостасува во регионот се луѓе со искуство во бизнисот велат инвеститорите, иако и недостатокот на инвеститори е сериозен проблем.

„Убеден сум дека е прашање на време пред да имаме компанија со успех како Skype во регионот. Некој ќе успее и на глобалниот пазар и со нивните акции ќе може да тргувате на Nasdaq“, вели Љубен Белов од акселераторот Launchub, преку кој се инвестираат европски пари во регионални стартапи.

Кога е во прашање креирањето на стартапи се чини дека балканските навики и менталитет се најголем проблем. „Овде родителите им велат на децата не се обидувај, не ризикувај. Оди работи во банка, тоа е подобро за тебе. Сега гледам дека се повеќе и повеќе луѓе сакаат да се обидат“, вели Вероника Пистјур од Bridge Budapest, невладина организација која го мотивира локалното претприемништво.

Сепак тие стартапи кои ќе направат нешто иновативно, не остануваат на Балканот. Добар дел од нив, пример Emailio, дело на бугарски студент која помага да го уредите вашиот инбокс или Flipps, кој овозможува стрим од мобилен уред на телевизори, се селат во САД каде ќе најдат повеќе талент и пари за да се развијат. Ова можеби и не е изненадување со оглед на тоа дека не е мал бројот и на компании од поразвиените држави од Европа кои ги префрлаат своите седишта во Силициумскатa долина, каде во моментов е центарот на техничките стартапи.

Дел од успешните приказни се сега дел од гиганти, романскиот LiveRail е дел од Facebook за сума помеѓу 400 и 500 милиони долари, а бугарскиот Telerik наскоро би можел да стане дел од Progress Software од Бедфорд.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии