Neverwinter Nights Enhanced Edition нѝ доаѓа за PC

Побарајте култна RPG игра со детален свет и комплексна приказна и одговорот кој најверојатно ќе го добиете е Neverwinter Nights. По 15 години, студиото Beamdog сака да се врати на насловот и да им понуди на носталгичните гејмери помодерно искуство.

Neverwinter Nights Enhanced Edition ќе се одликува со „подобрен дисплеј кој ќе изгледа одлично на модерните 4К монитори, а елементите од корисничкиот интерфејс ќе можат да ја менуваат големината во зависност од избраната резолуција,“ објаснуваат од Beamdog и ветуваат дека дополнително обработени графички ефекти ќе допринесат до поискристализиран визуелен впечаток. Во случај да по деценија-и-пол сѐ уште ги чувате вашите сејвови, модови или модули, истите одново ќе можете да ги имплементирате во новата, надградена верзија. Во мисијата за остварување подобро визуелно искуство, ќе помогнат и опциите за пикселни шејдери и длабочина на полето.

Сите оние кои предвреме ќе платат за играта 20 евра, ќе добијат ран пристап до насловот и ќе можат веднаш да се втурнат во негување на носталгичната љубов. На официјалната Steam страна, веќе се забележуваат и одредени DLC содржини, како целосно нови авантури, процедурално-создадени зандани, портрети и музички подлоги.

Beamdog е студио со бројни девелопери кои претходно работеле за Bioware. Од 2012 година, тимот работи на критички-признаени надградени едиции на култните класици како Baldur’s Gate, Baldur’s Gate 2, Icewind Dale и Planescape Torment.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии