Neuralink тестира прототип на импланти на свињи

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Neuralink / YouTube

Neuralink минатата недела претстави прототип импланти кои ги тестира во свињи. Напредокот во имплантите го претстави Илон Маск, кој беше и „водител“ на презентациите. Neuralink, по Tesla и Space X, е трета компанија чиј фронтмен е г. Маск.

„Гледате здрава и среќна свиња, малку срамежлива, но очигледно полна со енергија, и со убав живот, го има имплантот два месеци“, вели г. Маск.

Главна ѕвезда на настанот беше свињата Гертруда во која е вграден активен чип кој функционира последните два месеци.

Веројатно подеднакво важно е успешниот тест на отстранување на Neuralink имплантот. Една од трите свињи на презентацијата е дел од група со вградени Neuralink импланти, кои потоа се отстранети.

Она што го видовме на презентацијата засега не е револуционерно. Целиот имплант е помал и со значително поголем број на електроди кои се имплантираат во мозокот од досега постоечките. Ова, иако значителна и важна е единствената разлика со веќе достапните уреди. Тоа што е најавено за иднина, како поврзување со вештачка интелигенција секако ќе биде импресивно.

„Инсталацијата“ на имплантите поради прецизноста ќе мора да ја прават роботи, но за операцијата нема да биде потребна ниту анестезија и нема да постои видлива лузна. Роботот кој е користен за инсталирање на досегашните имплантите беше накусо дел од презентацијата.

Во прво време имплантите ќе им помагаат на луѓето кои имаат медицински проблеми, но финален план е овие импланти да се користат за поврзување со вештачка интелигенција. Дел од првите примени кои се најавени е кај пациентите со оштетени нерви. Во овие случаи технологијата би можела да ја врати употребата на парализираните екстремитети.

Дел од експертите невролози се согласуваат дека читањето и активирањето на мозочна активност е можно, но периодот за кој го планираат ова во Neuralink е преамбициозен, пренесува Guardian.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии