Netflix започна битка против прокси серверите и VPN

Иако Netflix прави некакви напори за забранa на одредени содржини по региони поради лиценците, сепак корисниците можеа со неколку лесни екстензии и трикови да ги заoбиколат тие ограничувања и да стигнат со содржината која ја сакаат. Но, сега Netflix најавува преземање на посериозни мерки за одржување на своите обврски.

Според Дејвид Фулгар од Netflix, компанијата има решение за корисниците кои користат прокси или unblocker. Промените доаѓаат во следните неколку недели, а обичните корисници кои не користат трикови за промена на региони нема ни да ја забележат разликата. Сепак не се само лоши вести, во истиот текст Netflix најавува и дека компанијата има сериозна намера да ја изедначи понудата насекаде. „Имаме уште многу работа пред да можеме да им понудиме на луѓето насекаде исти филмови и ТВ серии. Во меѓувреме, мора да продолжиме да ги почитуваме и да ги спроведеме ограничувањата за емитување на лиценцирана содржина за географски региони“.

Засега е непознато како ќе биде реализирано блокирањето, дали со методи за препознавање на прокси или едноставно со блокирање на IP адресите на поврзани со популарни VPN и прокси сервиси, вели Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии