Netflix работи на “The Witcher” телевизиска серија

Серијалот The Witcher добива телевизиска серијa! Netflix се изјаснија дека телевизиското шоу ќе биде базирано на книгите на полскиот автор Андреј Сапковски. Ваквата сага е сместена низ осум книги и е главната инспирација за трилогијата од The Witcher игрите, на полското студио CD Projekt Red.


Сите трејлери од The Witcher 3 на едно место

Според видниот сајт IGN, Томас Багински, човекот кој беше задолжен за интро видеата за сите три игри како и за тизерот за играта Cyberpunk 2077, ќе биде режисер на барем една епизода од сезоната. Што се однесува до писателот, Андреј Сапковски ќе исполнува улога на креативен советник кој тесно ќе соработува со Шон Даниел и Џејсон Браун – парот кој е директно задолжен за Тhe Expanse, Ben-Hur и The Mummy.

„Пресреќен сум што Netflix ќе ги екранизира моите приказни и ќе го испочитува изворниот материјал и темите кои ги разработував во последниве триесет години“, објасни Андреј, но никако не сакаше да открие повеќе детали.

Андреј Сапковски, писателот зад сагата The Witcher

Да се каже дека Андреј Сапковски не е тежок човек би било огромно потценување. До ден денес, Андреј цврсто верува дека неговите книги ги направиле игрите популарни, а не обратно, и дека трилогијата на CD Projekt Red е директен виновник за намалувањето на продажбите на неговите книги. Во едно неодамнешно интервју, писателот искажа и огромно каење што не потпишал договор за процентна заработка од продажбите на игрите. Имено, издавачката куќа му понудила процент од продажбите, но бидејќи тој не верувал во успехот на игрите барал само еднократна исплата за правата да се прават игри базирани на The Witcher универзумот.

Netflix е одличен сервис за стримување филмови и серии кој подолго време е достапен и во Македонија. Проверете ги неговите потенцијали со еден месец бесплатен пробен период!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии