Netflix на неколку пазари тестира нова, поевтина претплата

Дејан Соколоски

во Вести

Netflix на неколку пазари започна со тест претплати. Станува збор за пониска претплата која е достапна исклучиво за телефони. Тестови се најавени за неколку држави.

Една од првите држави во кој започнува претплатата е Малезија, а цената на тест сервисот е половина од најниската претплата. Најниската претплата во Малезија е 7,90 долари, а толку е и во Македонија. Пред да се израдувате, ова е само за споредба нема никаква најава дека оваа пониска претплата ќе се појави наскоро и кај нас.

Ова всушност може да биде клучно за популарноста на Netflix во некои од државите чии  граѓани не се премногу богати. Во дел од државите 8 до 12 долари се премногу пари за претплата, без разлика колкав е квалитетот на програмата. Со пониската цена Netflix секако ќе привлече и повеќе публика.

Сепак изборот за пакет кој ќе биде исклучиво мобилен е помалку чуден. Секако Netflix не го направил потегот без да ги анализира гледачките навики на корисниците од овие држави.

Дали и кога компанијата ќе продолжи со тестовите на сервисот, и дали воопшто понискиот пакет ќе стане стандарден ќе треба да почекаме и да видиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии