Netflix користи вештачка интелигенција за да го пронајде серијата која ви се допаѓа

Дали сте се запрашале како Netflix одлучува кои серии или ТВ-шоуа да ви ги препорача? Популарната стрим платформа користи вештачка интелигенција за да предвиди која серија ќе им биде омилена на корисниците, но и за да открие во кој регион и колку некоја програма ќе биде популарна.

Со помош на „transfer learning“ популарната платформа може да предвиди што, каде и колку ќе се гледа. За ова воопшто да функционира најпрво треба да се одреди како и колку програмата наликува една на друга. На пример, дали некоја серија е послична до „To All the Boys I’ve Loved Before“ или до „The End of the F***ing World“. Netflix потоа веќе има податоци за тоа на кој пазар и колку биле популарни слични серии.

Вештачката интелигенција на Netflix автоматски врз база на тагови и кратка содржина ги сместува сличните серии заедно. Овие серии може да ги сместат во различни поспецифични групи, на пример, „црна комедија“ и слично.

Потоа, врз база на овие податоци се носат повеќе одлуки. Една од овие одлуки е маркетинг на одредени пазари, но и прилагодување на содржината за пазарот. На пример, ако некоја содржина е веројатно дека ќе биде популарна во шпанско говорно подрачје (Шпанија, Аргентина, Мексико…) тогаш се одлучува маркетингот за содржината, но се работи и на синхронизација или на титлување за содржината.

Значи, ако Netflix се обиде да дознае како романтична комедија ќе „помине“ во Македонија ќе погледне како „поминуваат“ слични филмови. Потоа ќе бара и други сличности помеѓу содржините во зависност од мета-податоците, таговите и содржината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии