Нета има промоторско алтер-его, но стриповите остануваат одлични!

Нета, девојката што знае кул програмерски шеги, е сепак креирана за ПР цели, иако тоа нема да го земеме како зло бидејќи стрипот е фантастичен. Нета ја црта гуру стрип-цртачот Здравко Гиров, а зад целата идеја стои Netcetera и NewMoment. Вработените кои ја креираа Нета како „забавен проект“ ни објаснија дека целта им е да креираат забавен македонски стрип „кој е креиран тука и го покрива ИТ светот во кој живееме“. Со Нета, која објавува нова епизода секој петок, сакаат да ги поттикнат студентити, и пред се девојките, да се вклучат во ИТ индустријата.

Нета е креирана со идеја да биде „уникатен стрип, не е копиран од Интернет, се обидуваме за шегите да бидат што е можно пооригинални и да ја отсликуваат нашата секојдневна работа и да ги насмееме сите што работат во областа на информациските технологии. Би сакале со стрипот да ги охрабриме студентите да избираат инженерски факултети, особено да ги охрабриме и девојките кои навистина треба да се гордеат со своите успеси во избраната инженерска професија“, велат од Netcetera.

Но, програмерката Нета има и алтер-его. Тоа е маркетинг девојката Нета која ќе промовира ИТ настани или други случувања. Пример за тоа е стрипот за CodeFu натпреварот во програмирање, организиран од Netcetera. Но, од компанијата ветуваат дека Нета сепак ќе си остане верна на своите програмерски шеги и ќе биде користена за промоции само кога треба да се охрабрат другите да ги покажат своите ИТ вештини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии