Nest се враќа назад во Google

Дејан Соколоски

во feature, Свет

Се чини дека во Alphabet не се презадоволни од развојот на Nest како независна компанија. Поради ова, Nest се враќа назад во Google. Враќањето беше најавено уште во 2016 година, но се реализира дури сега. Потегот доаѓа во период во кој 69% од IoT уредите доаѓаат од Amazon.

Nest во Google ќе биде дел од Google Home тимот кој работи на уреди од „интернет на нештата“. Со ова Google Home секако ќе добие подобрување. Ова ќе им помогне и на Nest уредите, кои како дел од Google ќе бидат поблиску до развој на софтверот и вештачката интелигенција која се интегрира во уредот. Секако, истото важи и за гласовниот асистент на Google.

Со ова Nest се враќа назад во Google, каде ќе биде дел од компанијата заедно со: Maps,  YouTube, Android и пребарувањето. Дополнително, двете компании веќе во следните две години најавуваат издавање на заеднички производи, јави Cnet.

„Целокупната инвестиција на Google во машинското учење и вештачката интелигенција е јасна придобивка за Nest производите. Сосем е природно да ги развиваме заедно. Тоа е природен развој на настаните“, вели Рик Остериох, шеф на хардвер во Google.

Nest и пред да стане дел од Google имаше одлични производи. Nest термостатот сè уште е еден од најдобрите на пазарот. Компанијата беше еден од лидерите кога се во прашање интернет на нештата. Сепак по термостатот и камерата, Nest помалку забави. Можеби главната причина за ова е недостатокот на функционалности кои би можеле да се додадат без дополнителен развој на вештачката интелигенција.

Вештачката интелигенција која Google ја развива, денес е на завидно ниво. Можеби токму ова е потребно за следниот чекор на Nest, кој иако малку се подзборавени секако имаат завиден број на оперативни термостати.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии