Nest Labs повторно ќе стане дел од Google, работат на платформа за Интернет на нештата

Со креирањето на Alphabet, Nest Labs стана посебна компанија, но сега ова ќе се промени и Nest Labs се враќа во Google.

Причина за враќањето е крирањето на единствена платформа за Интернет на нештата, велат извори за Fortune. Во новата група влегува и тимот кој работи на Google Home. Лидер на тимот е Хироши Локхајмер. Google Home ќе треба да го надмине Amazon Echo кој добива доста сериозен пазар.

Засега е нејасно колкав дел од тимот на Nest се сели во Google и како ова ќе влијае на компанијата. Nest е дел од Google од 2014, а компанијaтa стана спиноф, а со тоа доби некаква независност, со креирањето на Alphabet.

Неодамна се појавија гласини дека Google работи на нов оперативен систем Fuchsia. Дали новиот тим ќе работи на оваа платформа или нешто сосем различно, засега е непознато.

Повеќе за Nest:

1 коментар на “Nest Labs повторно ќе стане дел од Google, работат на платформа за Интернет на нештата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии